Пргав на терен, а ангелче дома: Голманот на Аргентина уште во училишните денови ја пронашол љубовта на својот живот

Добивај вести на Viber

Голманот на аргентинската фудбалска репрезентација го одбележаа скандали во часовите по освојувањето на Светското првенство во Катар, а малку е познато дека приватно е многу посмирен

Емилијано Еми Мартинез, познат и како Дибу, е еден од најзабележителните во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар.

Не само што популарниот голман, кој моментално стои меѓу стативите на англискиот Астон Вила, се истакна со одбранети неколку пенали во елиминациската фаза од натпреварувањето, туку во финалето против Франција му „симна“ сигурен гол на Килијан Мбапе.

View this post on Instagram

A post shared by Emi Martinez (@emi_martinez26)


Сепак, еден ден по големиот успех на неговата Аргентина и освојувањето на Светското првенство, Еми Мартинез е во центарот на вниманието поради двата скандали кои ги режираше.

Прво, откако му беше доделена Златната ракавица, наградата која му се доделува на најдобриот голман на турнирот, овој трофеј го постави на меѓуножјето, а потоа во соблекувалната за време на прославата ги повика колегите на минута молчење во чест на Мбапе. 


Кога станува збор за неговиот приватен живот, познато е дека Мартинез има многу помирен карактер.

Од 22-ри мај 2017-та година е во брак со Аманда Мартинез, попозната по прекарот Мандиња, а тоа е неговата голема љубов уште од средношколските денови.


Мандиња е дизајнер на ентериер и сопственик на компанијата „MiSuenos Kids“, која се занимава со уредување на детски соби, а е многу популарна на Инстаграм. Сопругата на аргентинскиот голман е посветена на својата кариера и напорно работи во фирма со седиште во Лондон, каде што таа и Еми живееле со години.

View this post on Instagram

A post shared by Mandinha Martinez (@mandinha_martinez_)


На оваа социјална мрежа, парот често ја покажува својата брачна идила и љубов, а споделува и емотивни и забавни моменти со нивниот син Санти, кој се роди во јуни 2018-та година, и ќерката Ава, која се роди во 2021-ва година.


Извор: glossy.espreso.co.rs