Први фотографии од Џенифер Лопез откако ја „фатија“ со бившиот: Протекоа детали за нејзиниот план со Афлек?

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Џенифер Лопез е снимена во спортско издание во кое ги покажа своите извајани стомачни, а во моментов има гласини за нејзиниот план што го смислила со Бен Афлек.

Џенифер Лопез се врати на својата омилена активност и се појави сама во јавноста неколку дена откако беше фатена во друштво на нејзиниот поранешен свршеник Бен Афлек (48).

Пејачката е снимена во спортско издание во Мајами додека одела во теретана, каде поминува многу време за да биде во совршена форма. Џеј Ло ги покажа своите плочки облечена во хеланки и бела маица која ја врза за да и се види стомакот. Откако излегла до теретаната Џенифер носела исто така врзана бела маичка и широк модел на долен дел тренерка, изглед кој уште повеќе го истакнува нејзиното извајано тело.

Инаку, гласините дека Лопез е повторно во врска со своето поранешно момче Афлек и нивното заедничко појавување во јавноста изненади и шокираше многумина. Но, има и такви кои не веруваа дека пејачката и актерот, се заедно.

Австралиската радио-водителка Ем Русијано тврди дека нивната романса е само шоу за јавноста и дека и ја открил некој близок на Џенифер и Бен. 42-годишната девојка призна дека била опседната со парот, истакнувајќи во својот подкаст „Емолација“ дека еден од слушателите ја контактирал во врска со одморот во Монтана на кој присуствувале Афлек и Лопез.

„Имам блиска семејна врска со некој од околината на Џенифер. Многу се смееме на оваа приказна и сме шокирани затоа што луѓето паднаа на оваа мамка. Тоа е тотален сон", изјави Ем за изворот.

Таа тврди дека холивудската машинерија се обидува да го смени имиџот на пејачката за да изгледа како да е се‘ уште секси и пожелна откако протекоа информации дека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез ја изневерил. Гласините беа побиени и од Џенифер и од Алекс.

„Имиџот на Бен во јавноста е разнишан, а Џеј Ло се чувствува отфрлено. Сега изби приказната дека се чини дека таа е сè уште секси а, дека тој може да освои жена. Тоа не е точно", истакна изворот.


ГАЛЕРИЈА: