Разоткријте ја фаталната жена - Шкорпија: Верна, таинствена, но тешко вас ако ја повредите

Магнетски привлекува, таа е егзотична, длабока како морето, но зависно од своето расположение, мирна или бурна. Ја краси извонредна интуиција.
Не може да ја сфатите лесно. Таа е директна, нестрашлива и твдролгава, ќе успее во секоја животна препрека. Со проблемите се соочува со крената глава. Сака јасни почетоци и јасни краеви.
Самоуверени, снаодливи и силни, Шкорпионките се одлучни да успеат. Не бегаат од напорна работа, подготвени се и на многу жртви за да стигнат до цел. Жената Шкорпија е силно љубоморна, како ниеден друг знак. За предавство, го смета и малиот флерт на партнерот. Во љубовта тие бараат комплетна верност, предаденост и страст. Она што тие се подготвени да го дадат постојано.
Како пријател, може да биде и најдобра и најлоша. Верноста ги карактеризира и во овој случај. Предавство не заборават, ама баш никогаш. Ако ѝ докажете дека сте благодарен другар, ќе ви биде верна до гроб. Озборувања не сака ни да слуша, ни да шири. Жената Шкорипија лесно се приметува. Ја краси фатална убавина - кога ќе влезе во соба, сите ја гледаат.
Жената родена во овој хороскопски знак е најсекси и водено најтаинствениот знак во хороскопот.
Шкорпиите се склони кон ненадејни, неочекувани промени, трансформација, движење и ерупција.
Тие се одлучни, но исто така и проблематични
Кога една жена Шкорпија постави цел, бидете сигурни дека ќе успее. Тие се доминантни личности и често држат високи позиции во компанијата каде што работат.
Во нив лежи инстинкт кој може да ги урне сите пречки.
Имагинативен, интелигентен и независен ум
Станува збор за родени лидери кои не обрнуваат внимание на тоа дали некој ги следи.
Пабло Пикасо беше Шкорпија, не му беше грижа што мислат другите за неговото сликарство, но тој рече:
„Ќе направам нешто поразлично и луѓето ќе ме следат во тоа“.
Овој хороскопски знак поседува енергија, за која некои можеби не се свесни.
Шкорпиите не се врзуваат за минатото и не дозволуваат да ги одврати, што е и една од причините зошто тие секогаш се полни со свежи идеи и иновации.
Тие се самоуверени и наметливи
За нив зборовите „Не“,„Не можеш“ и „Не смее“ не се користат.
Шкорпиите не чекаат да се појави некоја покана некаде, доколку сакаат да дојдат, тие едноставно ќе се поканат и ќе се појават полни со самодоверба, не грижејќи се што мислат другите за тоа. Не само тоа, нивната енергија е толку заразна што пријателите ќе го следат нивниот пример.
Емотивни се и многу интуитивни
Тие се во сериозен контакт со сопствените емоции, но тие се исто така полни со сочувство кон другите. Тие се толку интуитивни што на некои луѓе не им се допаѓа, затоа што имаат чувство како да ја читаат како книга и да се обидат да сокријат нешто.
Луѓето кои добро се справуваат со енергијата и длабочината на Шкорпија, можат да бидат сигурни дека ќе имаат добар пријател полн со емпатија.
Тие се одмазднички настроени
Кога се навредени, тие имаат тенденција да се одмаздат. Тие не забораваат толку лесно предавството, измамата и нечиј лош намер. Затоа, не обидувајте се да излажете или повредите луѓе родени во овој хороскопски знак, бидејќи се склони кон драматична реакција.
Тие се полни со интензивна енергија
Нивната енергија е толку интензивна што ќе ја почувствувате дури и откако ќе излезе од животот.