Родителите ја напуштија затоа што била различна: Денес, токму различноста и донесе слава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Инстаграм/xueli_a

Шуели Ебинг, тинејџерка од Кина, родителите по породувањето ја оставиле пред сиропиталиштето, бидејќи изгледала поразлично од другите. Имено, ова 16-годишно дете е родено со албинизам - наследно нарушување на производството на меланин, што предизвикува дифузна хипопигментација на кожата, очите и косата.

Кога имала три години, била посвоена од семејство од Холандија, кое и овозможило мирно и среќно детство, а на 11-годишна возраст Шуели ги отвори вратите кон светот на моделството.

View this post on Instagram

A post shared by Xueli (@xueli_a)



За само пет години, таа успеа да се појави на страниците на списанието „Вог“, а соработуваше и со бројни познати модни брендови и фотографи. Со својот уникатен изглед, таа ја подигнува свеста за албинизмот и ги охрабрува оние кои се како неа да бидат охрабрени и да ја прифатат нивната природна убавина.

- Се повеќе има модели со попреченост и оние кои имаат необичен изглед. Во светот на моделирањето, да се изгледа поинаку е благослов, а не клетва - вели Шуели, која моментално работи во агенција и се обидува да ја смени модната, рекламната и медиумската индустрија, така што нејзините кампањи се разновидни како и друштвото.

View this post on Instagram

A post shared by Xueli (@xueli_a)



- Луѓето би можеле да ви кажат дека не можете да направите нешто, но можете, само пробајте - вели оваа млада, инспиративна девојка.


Moжеби ќе ве интересира:

Порцеланска убавина: Серијал фотографии на луѓе со албинизам промовира љубов кон сопственото тело