Сакам да контролирам сè, но реално е невозможно: Наоми Кембел стана мајка на 50 години
Црниот бисер во модната индустрија, Наоми Кембел, на 50 години го доби своето прво дете, девојче. Наоми Кембел, која наскоро ќе наполни 51 година и живее во Њујорк, не го откри името на бебето, датумот или местото на раѓање на девојчето.
Таа е првиот црн модел во светот што ја предводеше насловната страница на престижниот моден магазин Vogue.

Родена е во Англија на 22 мај 1970 година и ја одгледала само нејзината мајка, танчарка од Јамајка.
Нејзиното прво појавување во јавноста беше во спотот за песната на Боб Марли „Is This Love“.
Кога ја започна својата модна кариера, таа имаше едвај 15 години, а со текот на годините беше и пејачка, актерка и авторка.
Студирала на лондонската академија за изведувачки уметности.

Во 1991 година, списанието „People“ ја прогласи за една од 50-те најубави жени во светот.


По повод информацијата за нејзиното прво дете, споделуваме со вас неколку од најдобрите и најинспиративни цитати од Наоми, како и некои од нејзините модни изданија:
„Никогаш не се плашев да побарам помош “

"Мора да грешите! Ова е начин да се стекнете со искуство и мудрост. Така функционира светот!"

„Сакам да контролирам сè, но реално е невозможно. Понекогаш мора да кажете: 'Нека биде како што мора да биде!'“

Оваа година, Наоми Кембел повторно се врати на модната писта по 14-годишен прекин.