Сашко Коцев и сопругата Смилјана блескаа на 20-годишнината од „Балкан-Кан“: Опуштена елеганција на црвениот тепих

Добивај вести на Viber

На прославата по повод 20 години од култниот филм „Балкан-Кан“, Сашко Коцев и неговата сопруга Смилјана дефилираа со совршено усогласен, но опуштен стил.

Смилјана се одлучи за долг, лежерен фустан во зелено-сини тонови со модерна плетенка на материјалот, кој и дава женствен и динамичен изглед. Комбиниран со спортски патики со металик детали, нејзиниот стајлинг доби урбан и младешки момент, а големите сини обетки беа совршен акцент.


Сашко пак, се појави во свежа комбинација – светло ленено сако со бела маица, во комбинација со панталони во нежна зелена нијанса и класични Adidas патики. Неговиот стил е пример за тоа како мажите можат да изгледаат модерно и без крута формалност – со доза на елеганција и многу шарм.

Двајцата заедно зрачеа со хармонија и вкус, покажувајќи дека стилот не мора да биде комплициран за да биде впечатлив.


ФОТО: Инстаграм официјален профил Сашко Коцев