СЕ ЛИШУВААТ ОД ОДМОРИ, ДРУЖБИ, ОБРАЗОВАНИЕ: Сиромаштијата сериозно ги погодува луѓето во Македонија

Добивај вести на Viber

Во текот на животoт, поради сиромаштија, луѓето се откажувале од одмори, дружби, а во некои случаи поради немање финансии, останале нереализирани и нивните планови за дообразување.

 Најтешко е кога луѓето имаат здравствен проблем, а немаат финансии за истиот навреме да го санираат. Според истражувањата, од 25 до 30 отсто од македонското население е погодено од енергетска сиромаштија. Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор во траење од една седмица, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Направивме анкета со граѓани и тие потврдуваат дека поради сиромаштија се одрекувале од многу работи. Приоритет им било да имаат за храна, за сметки, за потребите на децата, а нивните потреби биле во втор план.

„Сум била во ситуација да си кратам за свои потреби. Не одев на одмор, штедев на гардероба за да ги школувам децата. Паузата траеше 4 години, додека децата беа во средно училиште, тогаш не одев на одмор. На многу работи сум си кратела“, рече Снежана Д. граѓанка.

Повеќе на Фактор