Се породи мејкап артистката и инфлуенсерка Зои Блаж: Еве кое име му дадоа на бебето

Добивај вести на Viber

Македонската мејкап артистка и инфлуенсерка Зорица Матијашиќ или попозната како Зои Блаж, се породи, на свет донесе девојче.

Во изминатите денови Зои споделуваше видеа дека е веќе во 39-та недела и со нејзиниот сопруг Тадеј го очекуваат нивното прво дете.

Пред два месеци парот направи преслатка фотосесија додека Зои е во блажена состојба, заедно со нејзиното кученце Хједи.

Зои и Тадеј на нивното бебе и го дадоа името Марија.

На социјалната мрежа Инстаграм до Зои и Тадеј пристугнуваат честитки за нивната ќерка.

Инаку парот повеќе од една година живее во Германија поради работните обврски на нејзиниот сопруг Тадеј кој е ракометар и игра за германски клуб.

Фото: Инстаграм
РЖМ