Семејната бајка на Перо Антиќ и Сања: Делфините, децата и летото што ќе го паметат засекогаш!

Перо Антиќ, поранешната македонска кошаркарска ѕвезда, заедно со партнерката Сања и нивните деца, го живее летото како од бајките во Анталија.
На фотографиите кои го стопија Инстаграм, семејството со нескриено воодушевување ужива во блиска средба со делфини – момент што останува засекогаш во срцето.
Облечени во спасувачки елеци и со насмевки кои говорат повеќе од илјада зборови, Антиќ и неговата Сања споделуваат искуство кое е сонот на секое дете. Радоста и возбуда на децата е заразна – а делфинот, питом и разигран, е вистинска ѕвезда на нивното семејно авантуристичко лето.
„Какви измешани емоции БОЖЕ! Прво да кажам, децата пресреќни, зајдени од возбуда, остварен сон... Прекрасно искуство е да пливаш со твојот омилен цицач, буквално омилен, питом, мил, забавен, весел...
Е сега, ако може да бидам комплетно искрена... Многу ми беше жал кога доживеав како се затворени на мала површина која не ја создала природата за нив, некако тажно. Се надевам дека таму се родени и дека не се тажни, барем не личеа... Сите им пружаа љубов и внимание.
Како што кажав, измешани емоции... “ - напиша Сања на социјалните мрежи.
Со ова патување, се покажува дека најголемото богатство се спомените создадени заедно, далеку од секојдневната брза реалност, таму каде што морето и природата нудат најголема среќа.
фото: инстаграм официјален профил Сања