Штотуку породени мајки го качуваат Водно како од шега - сосе бебиња во „кенгур“ на грб: „Мајки лавици“

Добивај вести на Viber

Спонтаната дружба „Мајки на Водно“, иницијатива на Ирина Камиловска повторно се активираше на падините на Водно. Мајки кои со своите бебиња се искачуваат на Водно и уживаат во дружбата со нивните деца, но и неформална дружба за споделување и размена на мајчински совети.

Во неодамнешното интервју на Ирина Камиловска за Женски магазин, таа истакна дека во месец април ќе биде активирана повторно иницијативата „Мајки на Водно“ по подолга пауза.

– Од месец април повторно се активира нова група „Мајки на Водно“. Се надевам ќе има исто толку успешен одзив како ланските две групи. Прекрасни дружби кои прераснаа во вистински пријателства помеѓу мајките.

Очигледно дека мајките кои се дел од дружбата се задоволни и исполнети.

„Мајки – планинарки објава за благодарност! Фала Ирина Камиловска на организацијата и несебичното давање поддршка на оваа преслатка група мајки-царици! Некои мајки се породени пред само 1 месец, а го качуваат Водно како од шала – сосе бебињата во кенгур/на грб! Па дури и на дожд! Ма браво девојки, инспирација сте.

Забелешка: искрено денес душа ми излезе со 14+4 кила на грб по лизгави камења, ама чувството на крај е чисто блаженство. Браво девојки невидена инспирација сте продолжете!“, стои во објава на Инстаграм.

Ирина објави видео од вчерашното искачување на Водно и ги пофали сите мајки кои се приклучија во овој пат побројната група „Мајки на Водно“.

„Прекрасен ден, ви благодарам од сè срце, драги најдраги мајки, лавици!“.

Фото: Инстаграм
РЖМ