Животна училница // Приказни
Сите модни неуспеси на доделување на Билболд наградите: Пинк со децата се најде на оваа листа
Изгледа дека сега во мода е да се облечете што е можно полошо...
Доделувањето на музичките награди Билборд се одржа вчера во Лос Анџелес.
Како што изгледа, во последно време стана тренд, дамите на црвените килими да се шетаат во необични креации, кои не добиваат комплиметни и пофалби.
На доделувањето имаше од сѐ по нешто - многу свила, модерни трендови, деколтеа и шлицови, а кога ќе се собере сѐ, најбројни беа модните неуспеси.
Дамата која ги изненади сите беше пејачката Пинк, која на црвениот килим се појави со своите деца, кои исто така беа облечени во необични модни комбинации - нејзиниот син носеше каубојски шешир и чизми, додека ќерка ѝ на црвениот килим се прошета во домашните влечки на мама.