Сите зборуваат за настапот на оваа мајка и ќерка на „Billboard Music Awards“, а има и зошто (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

„Billboard Music Awards“ се одржаа викендов во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес. Пејачот на „The Weeknd“ освои дури десет награди за својата работа, и имаше 16 номинации.

Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше настапот на пејачката Пинк и нејзината деветгодишна ќерка Вилов Сејџ Харт. Тие го отпеаја дуетот „Cover Me in Sunshine“, а ја воодушевија публиката со танц на јаже.

Мајката и ќерката ја воодушевија публиката и заслужија овации.


Од овој перформанс, јасно е дека Вилов е талентирана како нејзината мајка. По емотивниот перформанс, Вилов весело скокна и ја прегрна својата мајка, а Џон Бон Џови и ја додели на Пинк наградата за музичка икона.

Кога Вилов ја напушти сцената, Пинк ја изведе баладата „All I Know So Far“, а потоа и хитовите „So What“, „Who Knew“ и „Just Like a Pill“. Настапот го заврши со пеење на „Just Give Me a Reason“.

Корисниците на Твитер се воодушевени од нивниот перформанс, и масовно го споделија на оваа социјална мрежа.