Слави Македонијо: Имаме уште еден победник во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“

Добивај вести на Viber

Спектакуларно финале на „Ѕвездите на Гранд“ – Никола Станишиќ од Скопје е новиот победник!

Синоќа заврши спектакуларното финале на музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“, а титулата победник ја однесе кандидатот од Скопје – Никола Станишиќ.

TV Pink/PrintScreen

Победникот и пласманот:

Во големото финале, Станишиќ победи со импресивни 138.714 гласови.

Прво место: Никола Станишиќ (Скопје)

Второ место: Елвис Мешиновиќ

Трето место: Зоран Ружиќ Ферари

Емоции на сцена:

Во 01:18 часот, сцената беше исполнета со емоции – Сузана Јовановиќ и директорот на „Гранд“, Горан Шљивиќ, заплакаа и изјавија дека ова е „најемотивната сезона досега“.

TV Pink / Print Screen 

Специјално признание:

Во 00:14, непосредно пред прогласувањето на победникот, на сцената се појави Сузана Јовановиќ, вдовица на основачот на „Гранд“, Саша Поповиќ. Таа го врачи специјалното признание кое го носи неговото име.

Настанот беше проследен со емотивни моменти, солзи и многу музика – финале за паметење!

Еве како зборуваше за „Женски магазин“ победникот на „Ѕвездите на Гранд“ непосредно пред финалето.