Македонски песни, игроорци, зурли и тапани: Никола Станишиќ за финалето најавува вистински спектакл во „Ѕвездите на Гранд“

Добивај вести на Viber

Македонскиот претставник Никола Станишиќ во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ вечерва ќе биде дел од последна емисија од оваа сезона.

Никола како и сите останати кандидати ќе има можност да се покаже во најдобро светло.

Тој досега ги освојуваше симпатиите на публиката и жирито, преку неговиот глас и харизма, но и со изборот на песните.

За вечерашниот настап Никола за Женски магазин откри дека подготвува нешто интересно за гледање и слушање, едно е сигурно дека ќе биде во седумосмински такт.

„Подготвувам нешто многу интересно за моите Македонци. Наши преубави македонски песни. Зурли, тапани, игроорци …“, рече Никола.

Повеќе детали и впечатоци Никола Станишиќ сподели во ексклузивното интервју пред финалето во „Ѕвездите на Гранд“.

„Цеца да не беше, немаше да стигнам до финале“: Македонецот Никола Санишиќ на чекор до победа во „Ѕвездите на Гранд“