Со шминка ѝ подари патување низ времето: Неверојатна трансформација што ќе ве остави без зборови – мејкап магијата на Суботиќ!

Еден од најпознатите и највлијателни мејкап артисти во Србија, Стефан Суботиќ, уште еднаш го покажа својот исклучителен талент и умешност кога станува збор за трансформации со шминка. Со новото видео што го објави на социјалните мрежи, Суботиќ предизвика големо внимание – и силни емоции.
Главната улога во неговата нова приказна е г-ѓа Лидија, која годинава слави 30 години од матура. Стефан ја изненади со целосна трансформација, а резултатот е толку впечатлив што многумина коментираат дека таа изгледа барем две децении помладо.
„Г-ѓа Лидија денес слави 30 години од матура. Пресреќен сум што ѝ го направив денот поубав и што ја потсетивме дека 30 години се всушност само трага во времето – и дека времето може да се врати назад, можеби дури и за момент“, напиша Суботиќ во објавата.
Шминката, која на моменти изгледа како магија, не само што ја освежи и подмлади Лидија, туку пренесе и силна порака: дека убавината нема возраст, а годините не мора да ја дефинираат жената.
Фото: Принтскин/ Инстаграм