Содата бикарбона чисти речиси сè, но никогаш не треба да ја користите за ова
Често се користи во домаќинствата за чистење, но има некои работи што може да ги оштети.
Содата бикарбона е многу популарна кога станува збор за природно чистење на домот. Се користи за чистење на кујната, бањата и мебелот. Има абразивни својства, што овозможува чистење на предмети без триење. Исто така, нејзините способности за белење ја прават ефикасно средство за отстранување дамки на многу површини.
Не ја користете за овие предмети
И покрај нејзината ефикасност, сода бикарбона не треба да се користи за чистење огледала, прозорци и други стаклени површини. Ако се обидете да го исчистите огледалото со сода бикарбона, можете да го оштетите. Кога се користи на стаклени површини, како што се прозорци и огледала, содата бикарбона може да ги изгребе со триење. Гребнатините може да бидат речиси незабележливи на почетокот, но со текот на времето можат да станат поизразени бидејќи нечистотијата се заглавува во гребнатините, оставајќи го огледалото трајно валкано. Покрај тоа, не користете сода бикарбона за чистење дрво, мермер и керамика.
Што да користите наместо сода бикарбона
Па што користите за чистење огледала? Користете оцет, кој ќе ги направи да светат. Исто како и за прозорците, стаклените маси. Измешајте половина чаша бел оцет, половина чаша вода и 1 лажица пченкарен скроб во шише со распрскувач. Испрскајте ја стаклената површина, избришете ја со чиста хартиена крпа или крпа и таа ќе свети.
Извор: Najzena.alo.rs