„Среќен роденден до мојот идол, инспирација и константна поддршка во секој момент“: Кики Мукаетова со емотивна роденденска порака за нејзиниот татко

Младата и талентирана водителка Кики Мукаетова, која е автор и водител на емисијата „Низ град со Кики“ објави фотографија со нејзиниот татко, Живко Мукаетов на кој со емотивни зборови му го честиташе роденденот.
„Среќен роденден до мојот идол, инспирација и константна поддршка во секој момент. Те сакам“, напиша Кики на колаж од повеќе фотографии заедно со нејзиниот татко.
Инаку Муакетов е македонски стопанственик и раководител, директор на фармацевското претпријатие „Алкалоид“.
Муакетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria.
Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, визија, идеја и влијание – од локалните редакции на Bloomberg Adria. Клучен критериум за номинациите беа постигнувањата на поединците, визионерите и на компаниите, чии достигнувања и идеи ја обележаа 2024 година, како и нивното потенцијално влијание во годините што следуваат.
Живко Мукаетов три мандата, вкупно 12 години беше претседател и поддржувач на Ракометната федерација на Македонија.