Актуелно // Insta вести
Стих што остана во тишина: Вокалистката на ДНК - Ана Костадиновска со срце скршено во ноти на песната „Пола човек“

Нема ден а да не помисли на нив. Пејачката и придружен вокал Ана Костадиновска тажи.
Во знак на сеќавање, Ана сподели дел од песната „Пола човек“, која ја изведуваше заедно со ДНК – балада што сега добива сосема нова, длабоко трогателна димензија. Објавата беше придружена со емотикони на скршено срце.
Ана низ музиката ја пренесе тагата, болката, но и бескрајната љубов што ја чувствува кон своите колеги и пријатели, членови на групата ДНК, со кои често соработуваше и настапуваше низ годините а ги загуби ноќта на 16 март во пожарот во Кочани.