СТРАШНО: Директорка на училиште со палка претепа 6-годишно девојче, а нејзината мајка го снимаше сето тоа (ВИДЕО)
Мелиса Картер, директорка на училиште во Флорида, во својата
канцеларија удрила шестгодишно девојче со дрвена табла-палка.
Директорката го казнил девојчето затоа што наводно му нанела штета на компјутерот. Нејзината мајка тој ден дошла на училиште да ја плати штетата што ја направила нејзината ќерка, а глетката што ја нашла во канцеларијата на директорката ја оставила без зборови.
„Никогаш не сум го удрила моето мало девојче. Ова е неприфатливо, не можам да верувам дека се случило такво нешто“, рече мајката на несреќното девојче.
Таа веднаш им ја предаде снимката на надлежните органи и истрагата е во тек, а полицијата во Клостон и Одделот за деца и семејства потврдија дека го испитуваат инцидентот и дека директорката во моментов е под истрага.
Адвокатот Брет Провински, кој работи со имигранти и е одговорен за случајот на девојчето, рече дека ова може да има трајни последици врз психичката состојба на детето.
- Директорката е под истрага и сигурно ќе биде казнета за она што го сторила. Училиштето не дозволува каква било форма на казна и она што се случи е неприфатливо. Девојчето беше преплашено и се чувствува ранливо - рече Провински.
Фото и Видео: Youtube/Good Morning America
Можеби ќе ве интересира:
Тргнете ми ја жена ми од пред очи, зашто ќе ја фрлам во Вардар