Таа е новата МИС НА СВЕТОТ: Го победи ракот, а сега ја носи титулата најубава жена на планетата!

Овогодинешниот 72. избор за Мис на светот, кој се одржа во индискиот град Хајдерабад, собра рекорден број убавици од целиот свет - 108 натпреварувачки се натпреваруваа во традиционални категории (вечерни тоалети и национални носии), како и во предизвици дизајнирани да ја истакнат хуманитарната посветеност и влијанието врз општеството. Натпреварот штотуку заврши, а Опал Сучата Чуангри од Тајланд ја однесе круната дома.
Минатогодишната победничка Чехинката Кристина Пишкова и ги предаде тронот, круната и лентата на убавицата од Тајланд. Мис на светот за 2025 година е Опал Сучата Чуангсри, првата придружничка Хасет Дереја Адмасу доаѓа од Етиопија, а втората придружничка Маја Клајда од Полска.
Натпреварувачките најпрвин се претставија во национални носии, потоа во вечерни фустани, а во третиот круг во креациите на официјалната модна дизајнерка на изборот за Мис на светот, Индијката Арчана Кочар. Боливудските ѕвезди Жаклин Фернандез и Ишан Катар настапија во музичкиот дел од програмата, додека мис на светот за 2016 година Порториканката Стефани дел Вале и познатото индиско ТВ лице Сачин Кумбар беа водители.
Опал е родена на 20 март 2003 година во живописниот Пукет, една од најпопуларните туристички дестинации и најголемиот тајландски остров. Таа потекнува од угледно семејство, татко и е хотелиер. Таа е вистински космополит, а покрај мајчиниот, зборува и два други јазици - англиски и кинески.
Студира политички науки на Државниот универзитет во Бангкок, со фокус на меѓународните односи и дипломатијата, што, мора да додадеме, одлично се вклопува со тој фамозен „светски мир“. Убавицата од Тајланд е посветена и на активизмот. Кога имала само 16 години, имала сериозна операција за отстранување на бенигна грутка на градите. После тоа, таа ја започна кампањата „Опал за неа“, чија цел е да ја подигне свеста за здравјето на дојките и важноста од рано откривање на ракот.
А еве кои земји влегоа во Топ 40 на овогодинешното натпреварување... Америка и Карибите: Доминиканска Република, Бразил, Порторико, Соединетите Американски Држави, Аргентина, Панама, Хаити, Тринидад и Тобаго, Јамајка, Мартиник. Африка: Уганда, Намибија, Камерун, Замбија, Боцвана, Етиопија, Нигерија, Сомалија, Тунис, Зимбабве. Европа: Велс, Ирска, Црна Гора, Естонија, Белгија, Италија, Северна Ирска, Полска, Србија, Украина. Азија и Океанија: Индонезија, Турција, Либан, Индија, Малезија, Тајланд, Нов Зеланд, Филипини, Австралија, Виетнам.
ФОТО: Инстаграм