„Таа знае точно кои луѓе ги има во животот и што ќе прави доколку остане сама“: Што ја прави една жена зрела и мудра?

Добивај вести на Viber

Жената не е зрела кога другите ќе ѝ кажат дека е. Зрелоста се огледува во автономијата на одлуките што таа ги носи. Жената е зрела кога се чувствува сигурно, дури и ако треба да се потпре само на себе. 

Жената е мудра кога знае дека со одлуката што ја носи нема да го избегне страдањето, но ќе го дозира до онаа мерка до каде е подготвена да го прифати. Мудра и зрела жена не сака да воспостави контрола на работите околу себе, таа знае дека никој од нас не е доволно моќен да ги смени работите од корен. 

Таа прави промени секој ден, тивки, без најава, во самотија, без драма и галама. Работи на себе, да се подготви да ги прифати промените што не може да ги избегне и да ги поправи работите што може. 

Freepik

Зрела жена не се наметнува, таа ги гледа работите од страна и го вложува својот труд само толку колку е потребно за нештата да функционираат. Таа не сака да биде столб, туку дел од темелот кој ја гради куќата. Свесна е, дека сама не може да одржи заедница, заедница е секогаш група, за секоја заедница се неопходни најмалку двајца. Зрела жена го цени својот труд, има време за себе, таа знае дека грижата за себе е најважна. Кога сами не се грижиме за себе, другите ќе го изгубат нашето присуство, ние ќе изгубиме сѐ.  

Freepik

Зрела жена знае да постави граници. Точно знае кога треба да каже „не“, во секоја ситуација помага доволно оставајќи му простор на другиот да направи исчекор сам. Зрела жена знае да биде во друштво, но знае и да биде сама. Таа го цени многу повеќе сопствениот мир, одошто признанието дека е во право. Знае дека во животот сѐ има своја цена и најдобро е кога таа е соопштена. 

Freepik

Подготвена е на компромис, но не за 100% заложба и ризик. Зрела жена нема време за лаги и празни ветувања. Таа ти ја затвора вратата веднаш штом ќе почувствува дека е жртва на лаги и манипулации. Не прави лагодности на другите, на сопствена штета и во секоја ситуација го гледа и сопствениот интерес. Зрелата жена знае кога е време да си замине, а кога вреди да се даде само уште една шанса.

Зрела жена точно знае колку луѓе има во животот и на која позиција ѝ се тие луѓе. Секој човек има свое место, но местото се заслужува. Таа го цени своето, но го цени и туѓото - време, пари, достоинство, образ. Зрела жена е онаа која не само што знае, таа и умее, како со себе си, така и со другите. 

М.С.К