Таткото на Вања немал никаква намера ништо да сокрие, напротив сѐ ѝ кажувал на мајката Зорица: Туфегџиќ бара ослободување за Александар

Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете, порача во завршен збор бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, и побара Судот да го ослободи од обвинение.
Според одбраната, клучната теза и теорија на случај на застапникот на обвинението не е докажана, а тоа е мотивот, да се дадат парични средства на обвинетите за откуп на детето, ниту пак е изведен доказ во насока на дејствија на таткото за давање откуп или со кои се докажува негова комуникација и поврзаност со Љупчо Палевски.
- Александар поради бруталното убиство на неговото дете и тешките последици за него и за неговото семејство, од овој суд не бара милост или одлука поради сожалување и емпатија кон него, Александар бара праведна судска одлука со која ќе бидат казнети сторителите, судска одлука со која ќе ги дознае мотивите и вистинските причини за овој монструозен чин и одговор на прашањето, зошто токму тој и неговото семејство се одбрани да бидат до крајот на животот осудени да живеат со огромна празнина, тага и болка, изјави Туфегчиќ.
Деталите на ФАКТОР ТУКА.