Тажна вест од Загреб: Почина синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак!

Познатиот хрватски музичар почина во неделата во Загреб на 53-годишна возраст, јавува „Јутарњи лист“.
Беше еден од најпознатите хрватски џез музичари. Потекнува од музичко семејство (син на Арсен Дедиќ и Габи Новак), а во 1997 година дипломирал џез на Уметничката академија во Грац.
Од 1994 година беше член на Boilers Quartet, а кон крајот на 1990-тите го формираше својот бенд.
Соработувал со познати џез музичари (Бошко Петровиќ, Дарко Јурковиќ, Тамара Обровац, Ладислав Фидри, Бастер Вилијамс, Џеф Балард, Лени Вајт, Лари Гренадиер, Антонио Санчез, Скот Коли, Кендрик Скот, Висенте Арчер, Марк Марфи, Игнасио Бероа и други), како и со најпознатите хрватски музичари од други жанрови.
Настапувал во многу европски земји, во Бразил и САД. Во 2002 година бил финалист на натпреварувањето за млади џез пијанисти на џез-фестивалот во Монтрё.
Добитник е на наградата на Хрватското друштво на композитори за најдобар џез-композитор, како и повеќекратен добитник на наградите „Статус“ и „Порин“ за најдобри џез-албуми, композиции и инструментални изведби.
Извор: Б92