Токму со оваа фотографија Моника Белучи порача зошто е толку фатална: Жените ѝ љубоморат, мажите воздивнуваат
Шармот на италијанска филмска sвезда со мала помош од стилист и имате сцена за паметење
Италијанската дива ќе го прослави својот 57-ми роденден во септември оваа година, и сè уште нема жена во светската кинематографија што може да се спореди со неа. Убава, згодна, скромна, дама… Сето тоа и многу повеќе, благодарение на нејзината бесконечна харизма, е Моника Белучи.
Благодарение на нејзиниот бесконечен шарм, италијанската филмска актерка е вечна муза на најценетите светски фотографи, а магазините се натпреваруваат кој ќе ја украси насловната страница со нејзиното лице, па затоа Моника е главната sвезда на мајското издание на францускиот магазин Madame Figaro Paris.
Како што обично се случува кога Белучи позира, едиторијалот што беше снимен за оваа пригода не е ниту обичен ниту здодевен, па така таа ни ја покажува актерката како подготвува тестенини, еден од бисерите на италијанската кујна, во црно боди од „Долче и Габана“ бренд што ги истакнува нејзините адути.
И додека му се воодушевуваме на стасот на Моника (и прашуваме каде е нејзиниот сос од шпагети), модните експерти забележаа дека актерката го облекла едно од омилените и најпрактични парчиња облека во женската гардероба! Како што веќе споменавме, станува збор за црно боди кое го истакна најубавото на нејзиното тело, а одличен избор е доколку сакате да скриете некој вишок во пределот на стомакот или колковите или да го „измазните“ . Без разлика дали го носите како клучно парче или под ефикасен блејзер со струк, тоа гарантира изглед кој обезбедува самодоверба.
Извор: glossy
Седа коса, минимална шминка: Моника Белучи изгледа непрепознатливо (ФОТО)