ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

Жените во Македонија остануваат помалку активни на пазарот на труд и покрај бројните мерки за поддршка на бизнисите или за намалување на невработеноста.
Податоците на Државниот завод за статистика објавени во нивната публикација „Жените и мажите во Македонија“ покажуваат дека трендот не се променил.
Лицата кои бараат работа, но се невработени се сметаат за активни на пазарот, а дополнително има работоспособно население кое не бара работа и не учествува во работните процеси и тие се нарекуваат економски неактивни граѓани. Овие лица се надвор од работната сила, тие се невработени и не бараат работа и не се на располагање за вработување.
Бројките покажуваат дека во Македонија жените се значително помалку активни на пазарот на труд од мажите. Стапката на вработеност на жените во 2021 година изнесуваше 38,3 отсто, ависоки 55,1 процент од жените се целосно искучени од пазарот на трудот, односно воопшто не бараат работа.
Од друга страна, истата година, стапката на активно учество на мажите на пазарот на труд изнесува 56,2 отсто, додека пак стапката на неактивност е 32,8 проценти.Повеќе на ФАКТОР