Три луксузни раја во Белек: „Selectum“ хотелите се омилени кај македонските туристи-погледнете зошто!

Турција е несомнено една од најдобрите дестинации за одмор, позната по својата супериорна услуга, луксузните, но и достапни хотели и одличната вредност за парите. Искуствата на многумина покажуваат дека сите со задоволство се враќаат во неа. Од античките и древните градови, извонредната природна убавина, долгите и златни песочни плажи, гостопримството во Турција ... за летото 2025 година може да се најде речиси се за семејствата кои сакаат мир и релаксација, но и младите кои претпочитаат активен одмор.
Како што пишувавме во претходните текстови, Женски магазин преку агенцијата Фибула патуваше во Анталија, каде обиколи повеќе хотели.
Нашите препораки во овој текст се хотелите на „Selectum “ - во Белек - одлични за семејства но и млади брачни парови и двојки - буквално се совршени за одмор во кој навистина ќе ви треба само куфер со насмевка и позитивна енергија.
Selectum Family Resort Belek – Рајско катче за целото семејство во срцето на Анталија
„Selectum Family Resort Belek“ - хотелот чија понуда може да ја погледнете на страната на агенцијата Фибула тука - е вистинска оаза на луксуз, комфор и незаборавно туристичко искуство на турската ривиера.
На само 35 километри од аеродромот во Анталија и 45 километри од центарот на овој живописен град, се наоѓа еден од најпопуларните фамилијарни хотели на турската ривиера – Selectum Family Resort Belek. Овој хотел е идеално бегство за семејства кои сакаат да уживаат во врвна услуга, природа и забава.
Со вкупно 455 модерно уредени соби во главната зграда и уште 20 блокови распоредени низ бујна градина, хотелот нуди сместување што одговара на различни потреби:
-
Стандардни соби во главната зграда (макс. 2+2 лица)
-
Соби во градината (макс. 2 лица)
-
Nature соби, совршени за семејства со деца (макс. 2+2 деца)
-
Family Suite (макс. 4+1 дете)
-
Suite соби за поголем комфор (макс. 3+1 лице)
Гастрономската понуда е богата и разновидна, почнувајќи од главниот ресторан со интернационален шведски маса концепт, па сè до специјализирани À la Carte ресторани:
-
Deep Sea – рибен ресторан со свеж улов
-
Sumak – традиционален турски ресторан
-
Pepperoni – автентична италијанска кујна
Освежителни пијалаци се служат во баровите на базенот, плажата и низ целиот комплекс, со што секој момент станува вистинско уживање.
Плажата на хотелот е природна и песочна, со лесен пристап од хотелскиот комплекс. Опремена е со лежалки, чадори и тушеви, овозможувајќи максимална удобност и безгрижно релаксирање за целото семејство. За оние кои сакаат повеќе акција, на плажата се достапни и различни водени спортови.
За љубителите на активниот одмор, Selectum Family Resort Belek нуди широк спектар спортски активности: од тенис и фитнес центар, преку водени спортови на плажа, до базени со вода за сите возрасти. Детските игралишта и мини клубовите се совршени за најмалите гости, овозможувајќи им безгрижна забава под будното око на искусни аниматори.
Отсега па натаму, гостите можат да се релаксираат во луксузниот спа центар, каде што нудат масажи, сауни и парни бањи, со што се гарантира опуштање на умот и телото.
Selectum Family Resort Belek не е само хотел – туку вистинска оаза на мирот и релаксацијата, но и на смеа, семејни спомени и авантури.
SELECTUM NOA BELEK – Луксуз и комфор во срцето на Белек
Хотелот SELECTUM NOA BELEK за кој понудата може да ја погледнете ТУКА, сместен во престижната туристичка зона Белек, Турција, е совршено место за оние кои бараат современ и луксузен одмор. На само 35 километри од аеродромот во Анталија и 45 километри од центарот на градот, хотелот нуди лесен пристап до бројни знаменитости и прекрасни плажи.
Со вкупно 598 сместувачки капацитети, гостите можат да изберат помеѓу 254 соби во главната зграда и 344 соби во вилите, нудејќи разновидност на опции според потребите и желбите. Типови на соби вклучуваат Standard rooms со поглед на копно за максимум 2+1 лице, Villa family rooms во градината за 4+1 дете, пространи Family suit соби за 4+1 лице и луксузни King suit со џакузи, исто така погодни за 4+1 лице.
Гастрономската понуда е богата и разновидна: главниот ресторан нуди шведска маса со богата палета на вкусови, додека À la Carte ресторани како Harbour (риби), Primavio (италијанска кујна) и Tabla (турска кујна) гарантираат гурмански уживања. Баровите се сместени на различни локации низ хотелскиот комплекс, овозможувајќи освежување каде и да се наоѓате.
Одличната локација на хотелот нуди пристап и до прекрасни песочни плажи каде што гостите можат да уживаат во сонце, море и мир. Плажата е добро уредена, со лежалки, чадори и услуги кои го прават одморот незаборавен.
Дополнително, хотелот е целосно реновиран во 2025 година, со што е надграден и освежен во поглед на ентериер, удобности и услуги, за да ги задоволи највисоките стандарди и очекувања на модерните туристи.
SELECTUM NOA BELEK е вистински избор за оние кои бараат совршен баланс помеѓу релаксација, луксуз и авантура на брегот на Медитеранот.
Selectum Luxury Belek – Ексклузивен луксуз и удобност во срцето на Белек
Од друга страна пак, ако сакате поекстравагантен луксуз, тогаш „Selectum Luxury Resort“ е место во кое ќе се „изгубите“.
Ако некој хотел буквално нѐ освои во секој поглед без ниту една маана, тогаш тоа е токму овој. Понудата за хотелот може да ја ѕирнете тука.
Сместен во живописниот крајбрежен регион Белек, на само 27 км од аеродромот во Анталија, Selectum Luxury Resort претставува врвна дестинација за оние што бараат совршен спој на луксуз, комфор и незаборавно искуство.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 320 соби во главната зграда и дополнителни 100 соби во фамилијарниот клуб, кои се дизајнирани за максимален комфор и приватност.
Типови соби:
-
Luxury rooms (макс. 2+1 лице)
-
Deluxe rooms (макс. 2+1 лице)
-
Superior rooms со џакузи на тераса (макс. 2+1 лице)
-
Family rooms (макс. 2+2 лица)
-
Special rooms: Suit rooms (макс. 4 лица)
-
Premium Suit rooms со џакузи на балконот (макс. 4 лица)
Гастрономија
Гостите можат да уживаат во главниот ресторан кој нуди богата шведска маса во отворениот и затворениот дел, како и во посебниот ресторан за фамилијарниот клуб. Покрај тоа, селекцијата од À la Carte ресторани вклучува Sushi, Steak House, италијанска кујна, како и ресторан специјализиран за риба и морска храна. Баровите се распоредени низ целиот хотелски комплекс, обезбедувајќи освежување и пријатна атмосфера во секој момент.
Плажа и релаксација
Хотелот располага со приватна плажа, каде гостите можат да резервираат приватни павилјони за уште поексклузивно искуство. Павилјоните се достапни со претходна резервација и со доплата, нудејќи идеално место за релаксација под сонцето, во мир и приватност.
Спомените кои ќе ги направите токму таму ќе бидат незаборавно искуство што ќе го паметите засекогаш!
Ирена Ставрова