Убавината не доаѓа случајно – Мими Јовановска ја покажа мајка ѝ и ги освои сите!

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Мими Јовановска повторно ја воодушеви јавноста – овојпат не со песна, туку со емотивна роденденска објава посветена на нејзината мајка. 

На Инстаграм сподели фотографија на која се појавува заедно со неа, а во описот напиша едноставно, но многу емотивно: „Среќен роденден, мамо!“


Фановите веднаш реагираа – убавината, топлината и блискоста меѓу мајка и ќерка зрачат од фотографијата. 

„Како близначки!“, „Убавината се гледа оддалеку!“, „Мајка ти изгледа фантастично!“ – се  само дел од епитетите кои би им ги дале следбениците на овие две дами.

Со оваа роденденска честитка, Мими уште еднаш покажа дека, покрај музичкиот талент, носи и голема емотивна длабочина и искрена љубов кон семејството. А следбениците добија уште една потврда дека убавината навистина се наследува.


ФОТО: Инстаграм