Во фустан со животински принт во училишна клупа: Вака Кристина Димитри прослави годишнина од матура

Добивај вести на Viber

Матурските прослави периодов се во полн ек. Оние кои завршиле средно образование го прославуваат завршувањето на 4 годишното образование, а други пак одбележуваат годишнини од матура.

Една од нив е и поранешната манекенка од Тетово, Кристина Димитри која се пофали со фотографии од прославата за 10 години матура.

Дел од класот на Кристина се собраа да евоцираат спомени, но и да се видат и разговараат кој до каде е во животот.

„10 години матура. Тука сме само дел. Ве сакам“, напиша Кристина на фотографијата.

За овој ден, таа одбрала тесен долг фустан со животински принт. Приликата Кристина ја искористила да позира и од денешна перспектива да се потсети како изгледа училишната клупа.

Фото: Инстаграм
РЖМ