Водителката на „Слагалица“ два пати го победи туморот: Мислеле дека е жлезда, а таа никогаш нема да заборави што ѝ кажал докторот

Добивај вести на Viber

Водителката на познатиот квиз на знаење „Слгалица“ Марија Гацин откри дека два пати се борела со тумор

Милица Гацин, водителка на познатиот квиз на знаење „Слагалица“, морала извесно време да се повлече од малите екрани поради злобна болест. На двапати ѝ бил дијагностициран тумор на дојката.

За приватниот живот на водителката се знае многу малку, а таа самата не споделува никакви детали за тоа во јавноста. Меѓутоа, кога станува збор за лошата болест со која се борела, Милица Гацин решила да сподели со јавноста како всушност изгледала нејзината борба со туморот на дојката и на тој начин да го привлече вниманието на сите жени.

„Првин открив бениген тумор пред да се породам со помалата ќерка Хана, која сега има 14 години. Лекарите мислеа дека се работи за млечна жлезда, но бидејќи не исчезна ниту по два месеци, се јавив на докторот и тој ми предложи да го отстрани туморот. Иако многу луѓе ме советуваа да не допирам ништо, јас сепак го послушав докторот“, изјави Гацин во интервју за магазинот „Глорија“. Но, туморот за жал се вратил, поради што таа морала повторно да се оперира.


„По втората операција го прашав докторот зошто ми се случи ова, а тој ми одговори: „Затоа што е нервозен“, потполно мирно ми рече дека не вреди да се нервирам затоа што тогаш доаѓа до дисбаланс на хормоните во телото, а моите гради така реагираат“, изјави водителката без да крие дека нејзиниот живот во одредени периоди бил многу стресен.

Еден од тешките периоди со кои се соочила е оној кога нејзиниот тогашен сопруг сосема ненадејно и неочекувано ја напуштил. Сепак, по тешките ситуации и закрепнувањето, храбрата водителка се врати на малите екрани!

Бенигниот тумор кој го имаше водителката Гецин се лекува со целосно отстранување. Единствениот ризик е дека може повторно да се појави на истото место, а токму затоа треба да бидете внимателни и редовно да одите на прегледи и да ја проверувате состојбата на вашето тело под надзор на лекар. Туморите се обично мали израстоци или топчиња во градите, а освен домашен преглед (со палпација), пожелен и препорачлив е превентивен скрининг и мамограф, барем еднаш годишно.


Фото: Инстаграм

Извор: мондо