За 28. роденден ја добив реченицата „ИМАШ РАК“: Лекарите велеа дека симптомот не е ништо, но ве молам слушајте ја вашата интуиција!

Добивај вести на Viber

Кортни Вилсон Калдер дознала дека има рак на 28-годишна возраст, а сега предупредува на симптом кој многумина можеби го игнорираат.

Кортни Вилсон Калдер е 28-годишна девојка која дознала застрашувачка дијагноза само еден ден пред нејзиниот роденден. Девојката открива дека на почетокот на годинава забележала израсток на вратот, но кога отишла на лекар ѝ рекле дека тоа е „само отечени лимфни јазли“. Сепак, таа ја послушала својата интуиција и решила да се консултира со специјалист.

Забележала дека грутката расте и станува болна, а специјалистот веднаш ѝ рекол дека може да се работи за рак.

Таа тогаш ја планирала својата венчавка, која ја забрзала веднаш по дијагнозата. За само пет недели организирала свечена церемонија, а лекарите ја известиле дека грутката не е канцерогена.

Меѓутоа, не долго подоцна, Кортни забележа уште една грутка. По биопсијата, само еден ден пред нејзиниот 28 роденден, лекарите ѝ дијагностицирале Хочкинов лимфом.


Тоа е ретко заболување, но е најчеста појава кај помлади луѓе. Обично се појавува на возраст од 20 до 40 години и е специфичен на многу начини. За разлика од другите малигни заболувања, процентот на малигни клетки е исклучително мал. Симптомите на Хочкинов лимфом може да го вклучуваат следново:

-отечени лимфни јазли на вратот, пазувите или препоните

-намален број на црвени крвни зрнца

-хроничен замор

-треска

-ноќно потење

-необјаснето губење на тежината

-кашлица, отежнато дишење или болка во градите

-засипнатост

-жолтица

-губење на апетит

-чешање

-болка во лимфните јазли по пиење алкохол

„Тешко е да се препознаат симптомите на лимфомот. Ќе го започнам процесот на лекување. Позитивна сум и подготвена да дадам се' од себе, но сакам да ги охрабрам другите да ги проверуваат грутките и да веруваат на својата интуиција“, рече Кортни. 

извор:MONDO