За неа летото почна порано: Помалата ќерка на Панчеви го покажа извајаното тело

„Summer started early“ - Гласи пораката која Марија Панчева ја стави покрај постот од фотографии на социјалните мрежи. Таа се пријави од летна дестинација која не им ја откри на следбениците, но она што е сигурно е дека заминала на заслужен одмор после модниот викенд кој се одржуваше претходната недела во Скопје.
Помалата ќерка на Панчеви која се етаблира како манекенка има завидна фигура која гордо ја покажува и носи.
Марија сериозно завлезе во светот на модата. Таа не се одлучи ниту за музиката, ниту за спортот, едноставно одлучи да стане манекенка, гордо да позира пред фото-објектив и самоуверено да чекори на модна писта, што засега совршено и оди.
Ревиите на „Викторија сикрет“ и биле омилени, но и еден вид мотив за посериозно да се занимава со моделство. Како и секое мало девојче, почетоците ги имала во детска соба пред огледало со штиклите на мама.
- Желбата за манекенство ми се појави уште од кога бев многу малечка. Почнав да гледам различни ревии на Јутјуб што ги има во странство, омилени ми беа ревиите на „Викторија сикрет“, и секогаш ги гледав со надеж дека и јас ќе го правам истото дали тука или дали во странство. Тајно ги зедов на мајка ми штиклите, одев во соба, си пуштав музика и си замислував дека сум на писта или пак на некоја фотосесија. Сликањето, постирањето на слики, позирањето, сето тоа ме исполнуваше, едноставно уживав да бидам пред камера.
Марија почетоците ги направи во Моделс Ин, а денес е дел од модното студио „Црнокрак“.
ФОТО: Инстаграм