ЗА ПАНЧО ЗАСЕГА НЕ СЕ ВОДИ ПОСТАПКА, БИДЕЈЌИ ТОЈ Е ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА - ова го одлучиле обвинителите во консултација со лекарите

Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител синоќа, упатува на тоа дека, поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.
Ова тој го изјави во интервју за Телевизија 24.
„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и во консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка, ниту да дадат изјава, за жал“, рече Коцевски.
На прашањето на водителот на ТВ24 дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК, Коцевски рече дека такви информации не може да споделува, но дека, како што објасни, има и такви.
А, како што е познато, кога се даваше обвинението, Обвинителството соопшти дека членови на бендот ги внеле и активирале прскалките.
Повеќе на ФАКТОР