ЖЕЛБИТЕ СЕ ЕДНО, РЕАЛНОСТА ДРУГО: Колкаво покачување на минималецот очекуваат граѓаните?

Добивај вести на Viber

Граѓаните би сакале минималец кој би изнесувал 25.000 денари или над оваа сума, но сметаат дека во 2023 година ќе има мало покачување на минималната плата.

Незадоволни се од стандардот. Велат дека минималецот е доволен само за задоволување на основните потреби на еден човек, но нема шанси со минимална плата да се издржува семејство.

„Тие пари се само да се прехрани човек и тоа минимално. Минималецот треба да биде барем 25.000 денари. Можеби за 10 отсто ќе ја покачат минималната плата. Повеќе не верувам, не може, а и газдите сакаат да заработат“, смета Предраг Николов, граѓанин.

Убедени се дека и со повисок минимец, стандардот на граѓаните нема значително да се подобри, затоа што многу производи и услуги поскапеа. Граѓаните се разочарани од малата куповна моќ.

„Мислам дека ќе има минимално зголемување, за 1.000 или 1.500 денари повеќе, па дали и толку. Минималецот треба да биде над 35.000 денари. Работите не се в ред никако,  се менуваат од ден на ден, не можеш една сигурноста да добиеш и ќе биде тешко за младите“, вели Васе Георгиевски, граѓанин.

Во март се очекува дека минималецот ќе биде над 20.000 или близу 21.000 денари, но крајниот исход останува да го видиме во наредниот период. Следното покачување на минималната плата како што најавија од Владата ќе се случи во првиот квартал од идната година.  Зголемувањето ќе биде во согласност со новата методологија која беше договорена на преговорите помеѓу Владата, синдикатите и работодавците во февруари годинава, кога постигнаа согласност за минимална плата од 18.000 денари. Повеќе на Фактор.мк


Фото: фреепик