Земјотрес во Истанбул: Сузана Гавазова го стресе градот со македонска песна – Публиката воодушевена

Добивај вести на Viber

Фолк- пејачката Сузана Гавазова имаше спектакуларен настап пред турската публика во Истанбул.

Ова не е прв пат пејачката да има настап во оваа земја. Минатата година таа беше гостинка и зема награда на фестивалот „Најдоброто од Румели“.

Настапите на Гавазова во оваа земја се секогаш посетени, а пејачката е почитувана и популарна во Турција.

На настапот пејачката беше облечена во портокалов миди фустан со корсет, нејизниот изглед го надополни венчето од цвеќиња на нејзината коса. Ретко имаме можност да ја видиме во вакво издание, кое одговара на оваа пролетна сезона.

Сузана Гавазова приватно имаше можност да се подружи и со пејачката Сенида, со која сними и кусо креативно видео како танцуваат на песна.

„Најдобра и најубава, моја Сенида“, напиша Сузана на инстаграм приказната.

„Истанбул беше обвиткан во магијата на Ѓурѓовден преку еден незаборавен концерт кој собра луѓе од целиот Балкан. Ѓурѓовденскиот концерт на Сузан Кардеш беше вистински празник на културата, емоциите и спојот на традиционалното со модерното. Сузан Кардеш, најпознатата личност меѓу балканските Турци, уште еднаш докажа зошто публиката ја обожава – не само како пејачка, туку и како уметница со многу таленти: актерка, професионална шминкерка, фризерка и менаџерка. Нејзината харизма и љубовта кон публиката беа присутни во секој момент од вечерта. Јас и Сенидах имавме чест да бидеме специјални гости на овој настан. Мојот настап беше дочекан со топлина, аплаузи и вистински ентузијазам. Публиката реагираше со возбуда – се пееше, се играше и се чувствуваше искрената енергија што ја делевме со сите присутни. Особено беше трогателно да се видат луѓе кои пееја заедно со мене, без разлика од каде доаѓаат“, изјави Сузана Гавазова за Женски магазин.

Познатиот турски водител Јусуф Емини кој воедно е и организатор и водител на Меѓународниот балкански фестивал, за Сузана Гавазова при гостување во поткаст вели дека нашата Сузана во Турција е Шакира.

Фото: Инстаграм