Жените се свесни за тој што го имаат, а мажите се освестуваат откако ќе ја изгубат: Спенџарска искрено за љубовта
Доста активна на социјалните мрежи, често пати покрај позирањето знае да напише и цитат. Не троши зборови залудно, а тоа го прави скоро секогаш без влакна на јазик.
Последниот во низата, статус кој го објави водителката Јелена Спенџарска зборува за љубовта, за тоа како таа влијае врз жените а како врз мажите.
„Жените ги менува љубовта, а мажите болката!
Жената се менува комплетно кога некој посебен ќе влезе во нејзиниот живот, а мажот кога некоја посебна ќе излезе...
Можеби затоа, најголемата промена кај една жена е содржана во реченицата, : 'Драга, целата светиш, мора да си заљубена', а кај мажите, ' Брат, што си ваков сј$бан, да не те остави?'
Мажите касно палат, за разлика од жените. Жените се многу свесни за тој што го имаат - ДОДЕКА ГО ИМААТ ПОКРАЈ СЕБЕ и го чуваат се додека има смисла, а мажите.... тие стануваат свесни откако ќе ја изгубат....“, напиша водителката Спенџарска на Инстаграм.
Покрај статусот, Јелена постираше фотографија на која е во природа.