Жешка како песок под пладневно сонце: Катарина Ивановска само за храбри погледи

Добивај вести на Viber

Најзгодната Македонка која пред неколку години ја освои Италија со нејзината убавина, сè уште го ужива овој примат, но со право.

Катарина Ивановска е една од најуспешните манекенки од Македонија која со нејзината специфична убавина изгради кариера и кој ден денес е успешна во тоа што најдобро знае да го прави.

Последните фотографии на нејзиниот Инстаграм профил го привлекоа вниманието. Облечена во костим за капење со животински принт кој одлично и прилега на нејзиниот и онака природно потемен тен.

Во интервју за Женски магазин направено пред почетокот на летната сезона минатата година, истакна дека мака мачи со целулитот.

- Сите жени како и да изгледаме секогаш си наоѓаме маани. Можеби немам вишок килограми, но со целулитот мака мачам. Немав шанса да вежбам оваа пролет поради операција на лигаментите на коленото. Сега што би рекла јас 5 до 12 вежбам и одам во спа за третмани на тело. Секој понеделник сакам да почнам со диета и се надевам дека ќе дојде тој понеделник (се смее).

Искрена Катарина, не крие дека како и секоја жена го има проблемот со целулитот, но на последните фотографии тоа и воопшто не се забележува.

Фото: Инстаграм
РЖМ

„Ние жените секогаш си наоѓаме маани. Можеби немам вишок килограми, но со целулитот мака мачам“: Искрено со Катарина Ивановска