Жешка Куба среде Македонија: Таа секси, тие двајца шарманти – Антониа во друштво на двајца згодни „специјалисти“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Со енергичен кубански ритам и интересна сценографија, поп-пејачката Антониа Гиговска го промовираше својот најнов летен сингл „Специјалиста“. Песната доаѓа во придружба на атрактивно видео кое го доловува духот на Куба – со разиграни девојки, шармантни момци и живописна атмосфера.

„Специјалиста“ е за тие што скршиле срце и за оние на кој им било скршено срцето, да се скршат и да боли вреди...Љубовта секогаш победува, нели“, напиша Гиговска.


Во видеото се појавуваат и познати лица од јавниот живот. Меѓу нив е и Цеце Николова, водителка на утринската програма на Канал 5 Телевизија, која со својата пасија за латино танци се вклопи совршено во приказната на „Специјалиста“. 

Дел од видеото се и Колумбијката Карина Гонзалез, која е мажена за Македонец и живее во Неготино.

Бока Конга на конги, како и моделите Павле Николовски и Виктор Илиевски, со кои Антониа танцува во спотот.

Музиката, текстот и аранжманот на песната се дело на веќе докажаното дуо Лазар и Магдалена Цветковски, додека режијата на спотот ја потпишува Даниел Јовески. За визуелниот изглед на Гиговска се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател, мејкап артистот Даниел Николовски.

Фото: Димитар Цацановски/ Инстаграм
РЖМ