ЗЕТ КО МЕД: Цеца во Севиља во прегратки на Немања Гудељ, СИТЕ СЛАВАТ, а тука е и АНАСТАСИЈА

Цеца секогаш била насмеана и расположена, а за посетата на семејството Гудељ во Севиља се одлучила за долг беж фустан со голем шлиц и голи рамена.
Насмеана и весела, балканската дива позираше до својата сваќа - Оливера Гудељ, која исто така беше облечена во свечен долг фустан со детали од тантела.
Семејството Гудељ организираше прослава во дворот на вилата, каде сѐ беше на завидно ниво, а луксузната околина ѕиркаше на фотографиите.
Раскошот беше насекаде, а од фотографиите е јасно дека семејството Гудељ одвоиле цело богатство и внимавале на секој детаљ.
Поводот за патување на Цеца во Севиља беше вчерашната слава „Ѓурѓовден“ која е семејна слава на семејството Гудељ.
Преку својот Инстаграм налог Анастасија неретко објавува фотографии од луксузни прослави, а често може да ја видите во друштво на нејзината мајка до која гордо позира и за која неретко изјавува дека е нејзин идол и најголема поддршка.
Инаку, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се венчаа во пролет минатата година во вила на Цеца која се наоѓа на Дедиње, а на прославата присуствуваа само најблиските роднини и пријатели.