Животот низ зборовите на Сузана Турунџиева: Падовите не те прават поразен, туку посилен

Познатата писателка, водителка и мотиватор Сузана Турунџиева уште еднаш ги инспирираше своите следбеници со длабок и емотивен статус на Инстаграм, говорејќи за животот, падовите, вербата и силата на внатрешната борба.
„Животот се состои од многу подеми и порази... Не е успешен оној кој не 'паднал', туку оној кој после секој пад се труди да се исправи повторно.“ – пишува Турунџиева.
Таа во објавата искрено признава дека голем дел од битките во животот ги губиме поради недостаток на верба во самите себе. Потсетува дека често знаеме да бидеме поблаги кон другите отколку кон себеси – да им помагаме, да им простуваме, да веруваме во нив, но не и во себе.
„Сигурна сум дека понекогаш полесно ни е да им поверуваме на другите отколку на себеси. Полесно им помагаме на другите отколку на себеси... Полесно им простуваме на другите отколку на себеси...“
Турунџиева верува дека патот на самодовербата не е лесен, но води до највредната цел.
„Вербата во себе е долг пат, но има финална дестинација, повредна од сите попатни станици.“
Нејзината порака е јасна и силна: успехот не зависи од надворешни фактори, туку од тоа колку сме подготвени да веруваме во себе.
„Твојот успех е твојата верба! НЕ талентот, НЕ убавината, ниту пак благосостојбата... ТВОЈАТА ВЕРБА!!!“
Со вакви силни пораки, Сузана Турунџиева останува глас на охрабрување и надеж за многумина – посебно во време кога луѓето сè почесто се соочуваат со внатрешни битки и несигурност.
РЖМ/И.С