15 години иста љубов: Водителот Ненад Ѓорѓиевски со порака што ќе ве разнежи

Добивај вести на Viber

Познатиот телевизиски водител Ненад Ѓорѓиевски со емотивна објава ја одбележа 15-годишнината од бракот со својата сопруга. Со видео од нивниот свадбен ден и порака полна љубов, Ненад потсети дека вистинските вредности се мерат во заедничките моменти, смеа и поддршка.

„15 години љубов, смеа и спомени! Од првиот ден до денес – сè што поминавме заедно ни е најголем благослов. Уште многу години исполнети со љубов, поддршка и соништа,“ напиша Ненад.


View this post on Instagram

A post shared by Nenad Gjorgjievski (@nenad_gjorgjievski)


Фановите веднаш реагираа со многу честитки и убави желби, а нивната љубовна приказна уште еднаш докажа дека хармонијата и заедништвото се најубав рецепт за долг и успешен брак.

Љубовта на Ненад и неговата сопруга е инспирација за многумина – потсетувајќи дека вистинската магија е во тоа да се сака и негува секој момент заедно.

Денес тие се горди родители на близнаците Иво и Љупка.


РЖМ/ИС