Актуелно // Insta вести
Адријана Алачки на дестинација за која многу Македонци сонуваат: Дали ќе им зготви на локалците нешто таму?!

Италија секогаш е добра идеја да се посети. Посебно места кои зрачат со уникатност поради нивната архитектура.
Адријана Алачки го посети едно од најубавите гратчиња во ИталијаЛокоротондо – белата магија на Апулија.
Едно од најубавите и најчисти мали гратчиња во јужна Италија, познато по своите тесни калдрмени улички, совршено варосани куќички и неповторлива тишина која ве поканува да застанете и да дишете подлабоко.
Градот е дел од познатата винска рута на регионот Вал д’Итриа и е особено познат по белото вино Locorotondo DOC, кое совршено се вклопува со локалната гастрономија.
Андријана имаше можност да се запознае со познатиот италијански гастроном Доменико Мачи и уживаше во неговата гастрономската магија.
„Посетуваме многу земји и се заљубуваме во нив од многу причини, поради нивната историја, култура, традиција, необични пејзажи, понекогаш егзотични и мистични, романтични... и сакате повторно да се вратите, бидејќи таа енергија едноставно ве привлекува. Имате пријатели од целата планета кои спонтано, а не наметливо, ќе ве натераат да се чувствувате „како дома“, тие светат со својата енергија, ви ја греат душата, ве сакаат од сето свое срце.... тоа се моите драги Доменико и Керол Мачи. Јас го доживеав Локоротондо и нивниот комплекс на најавтентичен начин. Доменико е светски познат гастроном, еден од лидерите на светската асоцијација на готвачи, Wax, а денес тој лично ги готвеше своите омилени специјалитети од детството, чиј вкус беше најоригинален и на крајот се сведува на „лижење прсти“, интересно е што тој ги произведува сите состојки самостојно, без хемикалии и ги имате пред вас на неговиот семеен имот, каде што уживаат многу посетители и туристи. Ни недостигаше Керол, која беше во Велс, но се сеќаваме на незаборавните моменти поминати заедно во многу земји низ светот. Гастромак исто така растеше со Доменико. Апулија место од бајките, место за добронамерници, тука љубовта и топлината се споделуваат и множат. Мојот драг Гранде Доменико“, напиша Алачки во описот на фотографиите.РЖМ - Г.Д.Г