Актерот Дац со емотивна посвета за својата мајка: „Сите мајки се добри, но само една ме сака бескрајно“

Добивај вести на Viber

Познатиот актер и музичар Драган Спасов – Дац сподели ретка фотографија од своето детство, во прегратките на својата мајка Лидија, која денес го слави роденденот.

Со емотивни зборови, Дац опиша колку мајка му значи во неговиот живот:
„Оваа мајка не е како другите мајки, ова мајка решила да ме роди баш мене и да стане моја мајка. Таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, љубов и најсакан син, а секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов.“

Актерот додаде дека љубовта на мајка му е нешто единствено, што не може да се спореди со ништо друго. „Можам да ја препознаам по мирисот, по топлината на нејзината рака и по насмевката. Сите мајки на светот се добри, но само една ме сака бескрајно. Среќен роденден, мајко моја!“ – напиша Дац.


Неговата посвета предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а фановите го поздравија гестот како доказ за безусловната љубов меѓу мајка и син.


РЖМ/ИС

Фото: Фејбук официјален профил Дац