Ана и морето во хармонија: Уловот од летото на Ана Стојановска

Добивај вести на Viber

По појавувањето на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал, македонската актерка Ана Стојановска замина на заслужен одмор, продолжувајќи го летото на црногорското крајбрежје.

Актерката одбрала мирно прибежиште во селцето Костањица, сместено во близина на Котор, каде, според објавите на нејзиниот Инстаграм профил, максимално ужива во последните сончеви зраци од летото 2025 година.

„Ѕвезда во подем“, напиша Стојановска на една од фотографиите на кои позира на плажа, држејќи морска ѕвезда – симболично и духовито доловувајќи дел од нејзиниот одмор.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Покрај ангажманите на филмското платно, Ана Стојановска беше дел и од телевизискиот проект „Радиус“, заедно со актерот Дритон Весели, емисија во повеќе епизоди која ги истражуваше природните убавини и тајни на Македонија.

Нејзиното последно филмско остварување беше улогата на Виолетка во наградуваниот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски, кој доби признанија на повеќе меѓународни филмски фестивали.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм