Јапонецот што ја распеа Македонија: Котецу најави нови дружби со македонската публика, ЕВЕ каде ќе го гледаме

Добивај вести на Viber

Јапонскиот оперски пејач и голем пријател на македонската култура, Казухиро Котецу, повторно ја израдува македонската јавност со објава на социјалните мрежи во која најави дека летово ќе го помине во Охрид. 

Познат по својата страст кон македонската народна музика, Котецу е вистински амбасадор на македонската песна во Јапонија и пошироко, а неговото враќање во Македонија предизвика бројни позитивни реакции.

Во објавата, која предизвика бура од срца и коментари, тој сподели фотографија од охридски ресторан, каде што ужива во чаша македонско бело вино. Со насмевка на лицето и поглед кон езерото, Котецу напиша дека со нетрпение очекува да го помине следниот месец во Македонија, повторно поврзувајќи се со луѓето, културата и музиката која ја носи длабоко во своето срце.

„Оваа фотографија е спомен од Охрид во 2023 година. Ќе се вратам следниот месец“, напиша Котецу, додавајќи дека повторното гледање со македонската публика и уживањето во глетката кон Охридското Езеро, со чаша бело вино, му претставува врвно задоволство. 

Фејсбук

Неговата искреност и љубовта што ја покажува кон македонската традиција го прават еден од најдрагите странски уметници меѓу македонската публика.

Котецу, кој е и директор на престижната Токио Опера, стана познат по своите изведби на македонски народни песни како „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и „Оди ѕвездо“, кои ги интерпретира со длабока емоција и почит. 

Неговото враќање во Охрид не е само лична радост – тоа е уште едно културно приближување меѓу Јапонија и Македонија, овој пат низ призмата на музиката, виното и пријателството.