Благица Павловска се огласи по долго време: „Среќна и исполнета“, а друштво ѝ прават ОВИЕ познати дами

По подолга пауза од медиумите, популарната пејачка Благица Павловска ја изненади својата публика со весела и инспиративна објава на социјалните мрежи.
Во „стори“ на Фејсбук, Благица позираше насмеана, пренесувајќи среќа и позитивна енергија, што веднаш привлекло внимание на нејзините следбеници. На фотографијата се гледа како таа ужива во моментот проследен со музика како слово на нејзиниот живот.
Нејзината објава беше проследена со голем број на коментари од следбеници. Во текот на денот, Благица уште еднаш ја изненади јавноста, кога објави ново „стори“ на кое позираше со популарната пејачка Блага Петреска и успешната водителка Ирена Спировска.
На фотографијата која веднаш стана хит, трите жени изгледаат исклучително среќно и опуштено, што дополнително ја засилило емоцијата која ја пренесуваат.