Царица! Ким Кардашијан е пријател за цел живот, а нејзиниот коментар е сведок за тоа: Цел свет зборува за 3-те збора кои ѝ ги кажа на Дуа Липа

Добивај вести на Viber

Видеото на кое Ким Кардашијан и Никол Кидман ја поддржуваат Дуа Липа пред ревијата на Баленсијага стана вирална на интернет, а еве зошто.

Ким и Никол слатко ветија дека ќе ја фатат Дуа Липа ако падне на пистата на ревијата на Баленсијага за време на модната недела во Париз. Триото беше видено како разговара зад сцената, пред да ги покажат своите манекенски вештини и да се спуштат на модната писта на сензационалното шоу.

Во видеото споделено на Инстаграм профилот на Никол, Дуа призна дека се надева дека нема да падне, што ги натера актерката и Ким да инсистираат дека ќе бидат таму за да ѝ помогнат.

„Само едната нога пред другата и се надевам дека нема да паднам“, рече Дуа Липа, на што Никол рече:

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


„Да, ќе те фатам ако го направиш тоа, ветувам дека ќе брзам и ќе те фатам“.

Риалити ѕвездата Ким исто така се согласи, додавајќи: „И јас ќе паднам“.

Никол потоа извика: „Сите ќе паднеме“, пред насмеаната Дуа додаде: „Ќе го направиме тоа заедно!“

Инаку, на споменатата ревија никој не падна, а трите професионално се прошетаа по пистата како вистински манекенки!


Фото и Видео: Инстаграм

Кралицата на супермоделите прошета на пистата и сите занемеа: Продефилираа и Ким и Никол Кидман, сите во чевли копита во кои едвај може да се оди