Горда Македонка: Полина Тасева блесна на сцена во Киргистан – пејачката помеѓу најдобрите на интернационален фестивал

Македонската пејачка Полина Тасева ја претставуваше Македонија на интернационалниот музички фестивал „Меикин асиа Фест“, кој се одржа од 20 до 22 јули 2025 година во Киргистан, Азија.
Тасева настапи две вечери. Првата вечер, наменета за песни на мајчин јазик, ја отпеа песната „Тешко без тебе“ од Тамара Тодевска, додека на втората вечер на која се пееја интернационали композиции, Полина ја отпеа „Il ti penso amore“, импресионирајќи ја публиката и жирито.
Во конкуренција од 25 земји и 29 натпреварувачи, македонската претставничка го освои третото место, што претставува значаен успех на меѓународната сцена.
„Горда Македонка! Голема е честа за мене што ја претставував нашата Македонија на овој голем спектакуларен интернационален фестивал во Киргистан. Уште поголема е радоста за освоеното 3-то место. Благодарам на ‘Меикинасиа Фест’ за незаборавното искуство, убавите спомени, пријателствата и сета позитивна енергија“, напиша Тасева на својот Инстаграм профил по настапот.
Фестивалот „Меикин асиа Фест“ претставува платформа за млади таленти од целиот свет, каде учесниците имаат можност да се претстават пред интернационално жири и публика, како и да разменат искуства и култури.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г