Дани Димитровска во две венчаници – пејачката блескаше на својата свадба со Весел

Пејачката Дани Димитровска викендов со семејството и пријателите, направи свадбена прослава со својот сопруг Весел. Радоста и емоциите се чувствуваа во секој момент од вечерта, а вниманието беше насочено кон нејзиниот моден избор.
Дани реши да изненади и да блесне во две венчаници. Првата, класична и романтична, беше со корсет горен дел и плисирана долга сукња со ремен на половината – фустан кој ја истакна нејзината женственост и елеганција. Подоцна, таа се појави во уште поимпресивна креација со асиметричен крој и драпирани детали на рамото, современ избор кој ѝ даде доза на гламур и уникатност.
Едноставната, но впечатлива фризура и нежниот шминкерски изглед совршено се вклопија со двата фустани, додека деталите беа сведени, но со вкус – баш онака како што доликува на невеста која знае што сака.
Свадбата ја обоија љубовта и радоста, а со изборот на две венчаници Дани покажа дека и во стилот, како и во животот, знае да ја спои традицијата со модерниот израз.
Погледнете дел од забавата.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм стори Дани Димитровска