Актуелно // Insta вести
„Dirty Dancing“ по нивни терк: Татјана и Новица уживаат како тинејџери

Еден од најубавите примери за љубов што трае и се негува со години доаѓа од пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица. Двојката моментално ужива на одмор, а атмосферата од нивното патување ја споделија со своите следбеници на социјалните мрежи.
На фотографиите и видеата што кружат, Татјана и Новица се препуштени на музиката и водата, играјќи безгрижно и весело во базен.
„Dirty dancing with my hubby“ напиша Татјана , додавајќи доза на хумор и љубов во описот.
И двајцата зрачат со позитивна енергија – Татјана во бел едноделен костим за капење и впечатливи очила, додека Новица опуштено ужива во секој момент покрај својата сопруга.
Танцот во вода, смеата и нежните движења покажуваат дека и по сите години заедно, тие успеваат да ја задржат свежината и блискоста. Љубовната приказна на оваа двојка уште еднаш потврдува дека најубави се моментите кога со саканата личност можеш да бидеш природен, весел и свој.
РЖМ/ИС
Фото: Printscreen Instagram story Tatjana Lazarevska