„Добредојде на светов, Јована“: Бомбакис стана татко по втор пат

Бомбакис и неговата сопруга Вики станаа родители по втор пат. Во нивното семејство пристигна уште една радост – се роди ќерката Јована, а нивната првородена ќерка Бисера доби сестричка.
Среќната вест Бомбакис ја сподели на социјалните мрежи на свој препознатлив и креативен начин – со картон во рацете заедно со Бисера, на кој пишуваше: „Добредојде на светов, Јована“.
Во објавата, со емоции зборуваше за значењето на семејството во неговиот живот:
„Богатство не се пари, богатство е ова. Жена ми е херојот што ми го подари најубавото нешто во животот. Бисера ме научи што значи да си татко, а Јована го направи светот уште посветол. Благодарен сум на Господ за моето семејство, мојата сила, мојата љубов, мојот свет“, напиша тој.
Во интервју за „Женски магазин“, Бомбакис зборуваше за улогата на татко и за неговиот пристап кон воспитувањето на децата. Потенцираше дека сака да биде повеќе пријател отколку строг родител, но секогаш во рамките на нормалното.
„Сакам да ја научам Бисера на вистинските вредности – да ги почитува луѓето, да биде своја, да се бори за она што го сака, но и да има емпатија – нешто што сè поретко се среќава денес“, изјави тој.
Семејството на Бомбакис сега брои четири члена, а со доаѓањето на малата Јована, нивната приказна доби уште едно топло и светло поглавје.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г